Охридските ракометари в петок со почеток во 18 часот во спортската сала „Младост“, Битола ќе го одиграат првиот контролен натпревар сезонава против Пелистер.
Битолскиот суперлигаш е вистински предизвик и тест за охриѓани кои подготовките ги почнаа на средината од јануари.
Во преодниот рок „чкембарите“ драстично ја засилија екипата и ќе атакуваат на што повисоко место на табелата.
Охрид и Пелистер сезонава се сретнаа два пати. Во Битола славеше Пелистер со десет голови разлика, а во „Билјанини Извори“ двата тима ги поделија бодовите.
Мх.П.