Нов тежок натпревар ги очекува охридските ракометари во Скопје против Металург во втората рунда од плејофот во македонската Супер лига.


„Гладијаторите“ се покажаа во одлично светло на дуелот со Вардар, а истото сакаат да го повторат и на мечот со Металург.

– Во лош момент ни доаѓа мечот со Металург затоа што ние како екипа потполно сме фокусирани на натпреварите од 1/4 финалето во Купот кои не очекуваат викендов што доаѓа. Сепак, наша задача ќе биде да одиграме квалитетен и борбен натпревар како што беше случај и со Вардар. – рече тренерот на Охрид, Горан Андоновски.


Натпреварот со Металург во Автокоманда се игра в среда со почеток во 18 часот, а покрај овој дуел во плејофот ќе се одиграат мечевите меѓу Вардар – Работнички и Макс Струмица – Прилеп.

Мх.П.