Ракометниот клуб Охрид, денеска со почеток во 19 часот и 30 минути на домашен терен против битолски Пелистер ќе го одигра последниот меч за оваа сезона во плејофот од Супер лигата.

„Гладијаторите“ во дуелот со „зелено белите“ ќе ја бркаат првата победа сезонава во плејофот, додека гостинските ракометари мораат да победат и да чекаат помош од градскиот ривал Еурофарм Работник кој гостува кај Пролет во Скопје во борбата за четвртата позиција која води во Европа. 

РК Охрид во третото учество во плејофот ќе го забележи најслабиот пласман. Минатата сезона охридскиот состав заврши на третата позиција, додека во дебитанскиот настап финишираше на петтото место.

OhridNews