По ремито со охридските ракометари во првата рунда од Супер лигата екипата на Прилеп го смена тренерот Орде Илиоски.
За нов тренер прилепчани го назначија поранешниот репрезентативец и легенда на македонскиот ракомет, Боро Чурлески.
Освоениот бод на домашен терен против засилениот охридскиот состав не го задоволи Управниот одбор кој со едногласна одлука го смена досегашниот стратег.
Чурлески на клупата од Прилеп ќе дебитира против Работнички на гостински терен во втората рунда од Супер лигата.
Мх.П.