Новата сезоната за охридските ракометари официјално почна минатата недела во Прилеп, но таа за нив стартува од в сабота (19ч) кога на домашен терен против Преспа ќе го одиграат првиот натпревар.
Мечевите на „гладијаторите“ во „Билјанини Извори“ се друга посебна приказна за која екипите гости со восхит ја прераскажуваат.
Со таква публика во Супер лигата може да се пофали само Охрид и никоја друга екипа, а кога ќе се додадат и „гладијаторски“ расположените ракометари тогаш се добива пеколна атмосфера која никој не го остава рамнодушен.
Мх.П.