Охридските ракометари со двете победи во низа над скопските екипи Вардар Јуниор и Работнички го зачуваа второто место на табелата во Супер лигата.
Со петте победи во серија „гладијаторите“ се одлепија на три бодови од третопласираниот Работнички, шест бодови од четвртопласираниот Прилеп и девет од петтиот на табелата Вардар Јуниор.
Неприкосновен лидер на табелата е тимот на Металург кој има стопроцентен ефект по девет одиграни натпревари.
Резултати : Пелистер – Прилеп 26-28, Металург – Вардар Јуниор 27-18, Охрид – Работнички 24-20, Металург 2 – Борец 2-26, Радовиш – Пролет 35-30.
Табела : Металург 27 (-1), Охрид 24, Работнички 21, Прилеп 18, Вардар Ј. 15, Радовиш 15, Пелистер 9, Пролет 9, Борец 7 (-1), Металург 2 1.
Следно коло : Работнички – Металург, Охрид – Металург 2, Прилеп – Борец, Пролет – Пелистер, Вардар Јуниор – Радовиш.
Мх.П.