Охридските ракометари в среда во 18:30 часот на Текстилец во четвртата рунда од плејаут лигата ќе му се спротистават со сите расположливи средства.

Повредите на Борче Соколов, Крсте Андоновски, Атанас Поп-Стефанија и Бојан Белевски му задаваа главоболки на Горан Андоновски, но тие се минато и сите четворица ќе бидат во составот за в среда.

Натпреварот во „Билјанини Извори“ е од исклучително значење за двете екипи во борбата за опстанок во Супер лигата.

Скорот помеѓу двете екипи е изедначен откако забележаа по една победа во регуларната сезона од елитата.

Мх.П.