Охрид и Македонија од 5 до 19 Август ќе бидат дел наредната епизода од серијал шоуто “Битката на Гладијатори“ на продукцијата “Enfusion“.
На шоуто на кое ќе се натпреваруваат меѓународни спортисти од 18 различни земји, ќе бидат снимени 13 епизоди од различни локации во Охрид. Форматот е комбинација на реалноста, . борбата и желбата на “гладијаторите“ за победа, а секако тоа ќе биде промоција на Македонија и на самиот турнирот.
16- те натпреварувачи и двете резерви ќе бидат поделени во четири екипи, каде ќе имаат сопствен тренер како и женски тим капитени. Тие во двете недели колку трае целата “борба“ ќе имаат серија различни предизвици, натпревар во нуркање, возење картинг, фудбалски натпревар, и др.
Првиот меч на кој ќе се натпреваруваат според К1 правилате ќе биде на 12 август од 21:00 во спортската сала Билјанини Извори. Финалниот натпревар ќе се одржи на
17 август во Атничкиот театар од 21:30.
“Гладијаторите“ во Охрид ќе пристигнат на 5 август, а снимањето на шоуто ќе започне на 7 август.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com