Охридскиот ракометен клуб ќе ја брани титулата во Прилеп на меморијалниот турнир во чест на „Миле Нешкоски“ освоена минатата сезона.


Првично, Охрид не беше на списокот учесници на турнирот, но по покана од домаќинот, „гладијаторите“ им се придружија на битолските суперлигаши Пелистер и Работник, велешки Борец, Тинекс Пролет и ракометниот клуб од Струга.

Турнирот со меморијален карактер ќе се одржи од 25 до 27 август, а најверојатно мечевите ќе бидат први за охриѓани во подготвителниот период.

Минатата година со освојувањето на првото место на турнирот во Прилеп ракометарите на Охрид најавија плодна сезона, а ќе видиме како ќе биде сега.

Мх.П.