Охридските ракометари по 13-ет одиграни натпревари во Супер лигата го освоија првиот бод надвор од Охрид откако ремизираа со Овче Поле играјќи 24-24. Ова беше второ реми за ракометарите на Охрид кои претходно бодовите ги поделија со битолски Пелистер.

– Издржавме огромен притосок на мечот со Овче Поле каде требаше да стигнеме до целиот плен, но и бод на гостински терен во Супер лигата не е мала работа. Имавме напад за победа, но брзоплетата реакција на нашиот голман ја искористија гостите кои со гол од седум метри ни ги „зедоа“ бодовите од рацете. На следниот натпревар не очекува меч со Тинекс Пролет, кој после струмички Зомимак е најквалитетен тим во Супер лигата ние нема да настапиме со бело знаме бидејќи на домашен терен со поддршка од публиката секогаш веруваме во чудо – потенцираше Горан Андоновски.

Дуелот со Тинекс Пролет на домашен терен за охридските „гладијатори“ ќе биде последен за оваа година пред охридската публика во Супер лигата.

Мх.П.