Ракометарите на Охрид в недела против Работнички ќе го одиграат последниот натпревар во Супер лигата од регуларниот дел од сезоната.


После комплетирањето на првата фаза во Супер лигата, Охрид со Работнички, Текстилец, Преспа и уште две екипи ќе играат во плејаутот додека останатите четири екипи заедно со Металург и Вардар ќе разигруваат за титулата.

Натпреварите во плејаутот ќе бидат без резултатско значење за „гладијаторите“ бидејќи имаат обезбедено опстанок со бодовите освоени во регуларниот дел од лигата.

Двојки : Металург (2) – Радовиш, Преспа – Тинекс Пролет, Зомимак – Текстилец, Прилеп – Пелистер, Работнички – Охрид.

Табела : Зомимак 51, Прилеп 31, Радовиш 30, Тинекс Пролет 30, Пелистер 30, Металург 30, Охрид 26, Работнички 14, Преспа 6, Текстилец 4.

Мх.П.