Охридските ракометари утре (вторник) во 19 часот во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ против Металург 2 ќе го одиграат последниот натпревар за оваа година во Супер лигата.

„Гладијаторите“ со триумфот во Радовиш против истоимената екипа речиси и да го осигураа местото во плејофот, а победата над помладиот тим на Металург ќе биде шлаг на тортата за оваа натпреварувачка година.

Ракометниот клуб Охрид годинава што изминува учествуваше во Купот на ЕХФ, беше дел од Ф4 во Купот на Македонија и плејофот во Супер лигата.

Во оваа 14-та рунда уште ќе се одиграат мечевите помеѓу Еурофарм Работник – Пролет и Вардар Јуниор – Борец.

OhridNews