В петок на 18 април со почеток во 19 часот пред своите гледачи против Преспа охридските ракометари ќе го одиграат првиот натпревар во плејаутот лигата.

За вовед во овој меч „гладијаторите“ го совладаа Металург Јуниор на домашен терен, но мечот со Преспа е од далеку поголемо значење од оној со „јуниорите“.

– Еден од најзначајните натпревари за нас сезонава. Ако овој меч го добиеме широко ги отвараме вратите за опстанок. Затоа ни треба помош од сите да направиме пеколна атмосфера која ќе биде од помош за моите ракометари – рече Горан Андоновски.

Охриѓани мечевите во плејаутот ги започнуваат од втората рунда бидејќи во првата поради откажување на Овче Поле беа слободни.

Мх.П.