Охридските ракометари ги продолжуваат натпреварите во плејаутот од Супер лигата откако принудно имаше пауза поради настапите на македонската репрезентација.
В среда избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ќе гостуваат во Скопје, а силите ќе ги одмерат со втората екипа на Металург.
За три дена по дуелот со Металург 2 ракометари на Охрид пред своите гледачи ќе го пречекаат фенерџијата Текстилец по што ќе ја заокружат првата од плејофот.
Охриѓани со 31 бод се првопласирани на табелата, еден помалку од нив има Пелистер, а третопласираниот Металург има 27. Работнички ги разреши дилемите околу опстанокот во Супер лигата, а елитата ја напуштаат Преспа и Текстилец.
Мх.П.