Охридските ракометари со два тренинзи дневно макотрпно се подготвуваат за предизвиците кои престојат во елитната Супер лига.
Претпладне ракометарите се „билдаат“ во фитнес центарот „Фит Форм“ и тренираат на тартан патеката на „Атина Бојаџи“ додека попладне работат со топка во спортска арена „Тодор Александров“ во Велгошти.
– Во вавко темпо ќе продолжиме следните една две недели, а потоа ќе продолжиме само со топка. Не очекуваат големи предизвици во Супер лигата затоа мора да бидеме максимално подготвени – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Пролетната полусезона во Супер лигата ќе почне најверојатно на почетокот од третиот месец од годината.
Мх.П.