Ракометарите на Охрид во кафе барот „Офсајд“ го скенираа Тинекс Пролет, кој одигра ревијален натпревар со Унгарскиот првак Веспрем.


Унгарците не оставија премногу за анализа бидејќи доминираа во текот на целиот натпревар, но на „гладијаторите“ им покажаа како треба да се игра за да се победи.


„Пролетерите“ се прв противник на охридските ракометари во продолжението од Супер лигата, а мечот е од исклучително значење за двете екипи.


Сигурно дека мотивот нема да недостасува во охридскиот состав, кој пред своите гледачи во првиот меч претрпе несреќен пораз.

Ohridnews