Охридските ракометари забележаа убедлива победа 28-22 (15-9) во Скопје против Работнички во првиот натпревар од плејаут лигата.


Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски доминираа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент домаќините не ја загрозија победата.

Најпрецизен со шест погодоци беше средниот бек Борче Соколов, еден помалку реализираше Милан Левов.

Четири постигна Горан Печенковски, а по три пати мрежата ја затресија Мите Караиванов, Крсте Андоновски и Иван Тасесеки.

Два пати противничката мрежа ја погоди Аце Трифуноски додека по еднаш прецизни беа Бојан Белевски и Атанас Поп-Стефанија.

Вториот натпревар во плејаут лигата „гладијаторите“ го играат в сабота против Пелистер во Битола.

Мх.П.