Охридските ракометари со убедливи 31-20 (16-8) го совладаа составот на Прилеп во контролната средба која се одигра во „Билјанини Извори“.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски со серија од 5-0 возвратија на почетното водство од гостите 2-0.
Со цврста одбрана го чуваа водството, а со разноврсни погодоци го зголемуваа за 16-8 на полувремето.
Во вториот дел двата стручњаци повеќе ги менуваа играчите, но охриѓани продолжија во исто темпо во двата правци за конечни 31-20.
Сите ракометари во охридскиот состав се запишаа во листата на стрелци. Најпрецизен беше Борче Соколов со седум голови, а крилото Аце Трифуноски погоди пет пати.
Новите аквизиции во охридскиот состав Мите Караиванов и Милан Левов реализираа по три погодоци.
Мх.П.