Охридските сино бели ја забележаа третата победа на домашен терен, вкупно петта сезонава во Супер лигата откако го совладаа Прилеп со 28-21 (12-10).


Бодовите од мечот во седмата рунда охриѓани ги освоија со доминатната игра во вториот дел, откако првото полувреме го добија со тесни (12-10).

Што се однесува до мечот, двете екипи го започнаа со напаѓачки грч и немаа постигнато погодок повеќе од пет минути.


Први погодија гостинските ракометари, а домашните возвратија со три за (3-1) на семафорот. „Црно жолтите“ не се предадоа одма и возвратија со иста мера за ново водство (4-3).

До финишот на првиот дел предноста на семафорот се менуваше, а „гладијаторите“ со мини серија го презедоа кормилото во мечот и на одмор заминаа со плус два.


На стартот од вториот дел, па се до 45 минута на теренот во Билјанини Извори постоеше само една екипа. Избраниците на Горан Андоновски со серија 8-2 стигнаа до предност 20-11 и го решија победникот.

Комбинирањето во домашниот состав го искористија прилепчани да го ублажот поразот за конечни 28-21.


После оваа победа охридскиот ракометен клуб осамна на врвот во Супер лигата, а може да му се придружи Пелистер кој има натпревар помалку.

Р.К. Охрид: Стојановски (2 одбрани), Трајкоски (11 одбрани), Матески, Андоноски 5, Иваноски, Младеновски 3, Блажески 7, Новаковиќ 1, Спасовски 1, Јанев, Кобетиќ 6, Кежиќ 3, Адамовиќ 1, Трифуноски, Белевски, Костов.

Р.К. Прилеп: Трајковски (2 одбрани), Рајичиќ (9 одбрани), Тодоровски 1, Ѓоргиески 2, Петкоски 3, Тренчевски 1, Спасевски, Петрески, Шокоски, Орјоникидзе 3, Бозароски 5, Мирков 1, Нешкоски, Ангеловски 4, Јанески.

Мх.П.