Некогашниот македонски првак Пелистер е противник на охридските ракометари во седмата рунда од Супер лигата.
Поразот на домашен терен од Тинекс Пролет не треба да ги обесхрабри и поколеба „гладијаторите“ кои имаат високи цели сезонава.
Битолскиот клуб минува низ најтешките денови од своето формирање, а охриѓани треба да го искористат тоа и да го освојат целиот плен.
Охридскиот стратег Горан Андоновски за мечот со „зелено белите“ на располагање ќе го нема Валентино Белевски, кој заработи црвен картон во натпреварот со Тинекс Пролет.
По шест одиграни натпревари во Супер лигата охриѓани имаат десет бодови и се на четвртата позиција додека Пелистер со шест се наоѓа на осмата.
Мх.П.