Ракометарите на Охрид на гостувањето во Радовиш ги освоија назначајните три бодови сезонава, откако го совладаа домашниот состав со 27-26 (13-12) во 13-та рунда од Супер лигата.

Целиот плен од Радовиш за охридските ракометари значи речиси сигурен пласман во плејофот и отпишување на денешниот противник кој беше најсериозен кандидат за расипување на сметките.

„Гладијаторите“ со триумфот во Радовиш се враќаат на победничките патеки после поразот од Еурофарм Работник во дербито пред десеттина дена.

Во следната 14-та рунда охриѓани ќе се судрат со помладиот тим на Металург на домашен терен во „Билјанини Извори“.

OhridNews