Охридските ракометари со 28-26 (16-13) го совладаа Пелистер во Битола во седмата рунда од македонскиот ракометен шампионат.


„Гладијаторите“ на најдобар можен начин со триумф одговорија на поразот од Тинекс Пролет пред своите гледачи покажувајќи решителност и карактер за остварување на зацртаните цели.

Победата во Битола е втора на гостински терен за избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски, а четврта вкупно во Супер лигата.

Со трите бодови од овој дуел охриѓани стигнаа до „среќниот“ 13-ти што ќе ги смести во горниот дел од табелата.

Поради обврски на македонската репрезентација во Супер лигата има пауза од десет дена, а потоа повторно продолжуваат возбудувањата во елитата.

 

Мх.П.