Ракометарите на Охрид со 30-22 (12-9) го совладаа составот на Прилеп пред своите гледачи во дербито на колото во Супер лигата.


„Гладијаторите“ со исклучок на последните минути од првиот дел одиграа маестрален натпревар и се израдуваа на нова победа во елитата.

Одбраната на чело со голманот Кирил Колев (16 одбрани) беше непробојна, а нападот предводен од Горан Печенковски (8 голови) нерешлива енигма за гостите.

Прилепчани единствено во „црниот“ период од охриѓани беа рамноправен противник, но тоа го искористија само да го намалат водството пред крајот на првиот дел.

За охриѓани ова беше втор триумф на домашен терен инаку петти вкупно сезонава во суперлигашкото друштво.


Со оваа победа избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски се зацврстија на местата од горниот дел на табелата кои водат во разигрувањето за титулата.

Р.К. Охрид : Костески, Пецаков, Колев (16 одбрани), Павловиќ 6, Андоновски 3, Кежиќ 5, Хогас 2, Тасески 1, Печенковски 8, Вражалица 5, Трифуноски, Новаковиќ, Белевски.

Р.К. Прилеп : Раичиќ (6 одбрани), Божиноски, Тодоровски, Талевски 1, Ѓоргиески 1, Петкоски 3, Спасески, Петрески, Андреиќ 1, Шаренац 3, Бозароски 5, Стефаноски, Секулиќ 4, Ангеловски 1, Турченко 3, Јанески. 

Мх.П.