Во ист состав и без промени, Ракометниот клуб Охрид ги започна зимските подготовки за пролетната полусезона во македонската Супер лига.
„Гладијаторите“ под палката на Горан Андоновски од самиот старт ќе започнат со силно темпо за што подобра физичка и тактичка подготвеност.
– Ги започнавме подготовките со иста желба и исти мотив како и претходно. Обично не сакам кога ги немам сите играчи на располагање, но овој пат многу мие драго што нашиот прв голман, Благојче Трајкоски е со селекцијата на Македонија во Франција. Ќе имаме по два тренинзи дневно првите две-три недели, а потоа ќе го намалиме темпото. – рече Андоновски.
Охридскиот состав иако подготовките ги започна со истиот ракометен ростер може да се засили со еден или двајца ракометари. – Не бевме многу активни, но се распрашуваме за некои одредени играчи кои ни се поклопуваат во нашиот систем. До крајот на преодниот рок ќе видиме дали и како ќе се засилиме. Иначе, повеќе од потребни се засилување во екипата, бидејќи не очекуваат мечеви среда-сабота.
Во втората половина од февруари Охрид ќе одигра три или четири контролни средби. Инаку, охридските ракометари мечевите од есенскиот дел ги завршија на втората позиција на табелата со само три бодови негатива од лидерот Пелистер.
Мх.П.