Охридските ракометари во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти ги започнаа подготовките за престојната сезона во Супер лигата.
Подготовките за третата сезона во елитата охриѓани ќе ги одработуваат во Охрид и во две фази.
Во првата фаза ќе се „билда“ формата со претпладневни тренинзи, а во попладневните ќе се бруси формата со топка, најави шефот на стручниот штаб Горан Андоноски.
Низ подготвителниот период „гладијаторите“ ќе одиграат неколку контролни натпревари со екипи од националниот шампионат.
Мх.П./Г.М.