Ракометарите на Охрид запишаа нови бодови на суперлигашката табела, откако на гостински терен во Велес го совладаа составот на Борец со 26-20 (17-11) во седмата рунда од шампионатот.

„Гладијаторите“ покажаа квалитет и карактер надминувајќи ги сите проблеми кои им се наталожија изминатиов период.

Победникот во Велес охридските ракометари го решија во првиот дел кој го добија со 17-11. Во второто полувреме рутински ја задржаа предноста и ја забележаа втората победа во серија на гостински терен после онаа против Металург 2 во средата.

Со трите бодови од овој меч Охрид нема да напредува, но остана во потесната трка за врвот во Супер лигата.

Во осмата рунда „гладијаторите“ на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Прилеп.

OhridNews