Ракометниот клуб Охрид без левиот бек Мите Караиванов ќе му се спротистави на Металург во одложениот натпревар од третата рунда во Супер лигата.


Караиванов го повреди левото колено во последните моменти од дуелот со Пелистер кој охриѓани во „Билјанини Извори“ го добија со минимални 22-21.

Првичните лекарски прегледи покажаа истегнување на лигаментите, а по вторите ќе се знае колку точно ќе биде надвор од терените еден од најдобрите ракометари во охридскиот состав.

Без него во екипата драстично се намалуваат шансите на „гладијаторите“ за победа против Металург кој ја преставува Македонија во Лигата на Шампиони.

Суперлигашкиот натпревар меѓу Охрид и Металург се игра во среда со почеток во 20 часот.

Мх.П.