Ракометарите на Охрид по поразот од Тинекс Пролет ги загубија шансите за пласман во плејофот, но во преостанатите три натпревари ќе играат за навивачите и честа.


На битолските ракометари им е неопходна победа за одржување на плејоф амбициите, но „гладијаторите“ ветуваат максимална борба за бодовите.

– Нема да бидеме дел од задкулисни игри бидејќи и ние не ги посакувавме пред стартот на пролетната полусезона. Ќе играме да победиме, а ако Пелистер е подобар нека се радува на победата и бодовите кои ќе им бидат од големо значење. – коментираат од охридскиот клуб.

Дуелот в петок во 19 часот ќе биде директно пренесуван на собранискиот канал на македонската радио и телевизија (МТВ).

Ohridnews