Охридскиот стратег Горан Андоновски не може да смета на услугите од средниот бек Валентино Белевски за мечот со Радовиш од седмата рунда од Супер лигата.

Стружанецот во охридските редови цела недела не тренираше со екипата поради повредата на половината. Тој со терапии се обиде да се опорави, но не успеа и за прв пат сезонава ќе пропушти натпревар од Супер лигата.

Пред почетокот на сезоната помладиот од браќата Белевски во Охрид пристигна од „езерскиот“ ривал Струга. Натпреварот против Радовиш охридските ракометар го играат денеска во 19 часот.

Мх.П.