Настапот на левото крило Крсте Андоновски на мечот против Тинекс Пролет е крајно неизвесен поради повредата на левото колено.


Андоновски го пропушти тренингот пред мечот со скопските ракометари, кој треба да е продолжување на победничката серија во Супер лигата.

– Покрај повредата ќе пробам да настапам на мечот со Тинекс Пролет. Имам болки во коленото, но, пред стартот на натпреварот ќе одлучиме дали ќе истрчам на теренот – рече Андоновски.

Тој повредата ја здоби на дуелот со Текстилец во петтата рунда од шампионатот, кој ракометари го добија со убедливи 30-21.

Ако Крсте не биде во можност да игра, охридскиот стратег Андоновски ќе мора да импровизира бидејќи тој е единствен избор на левата крилна позиција.

Со сигурност меѓу играчите кои ќе бидат во комбинација за мечот со Тинекс Пролет ќе биде Костантин Вешкоски, кој исто така се жалеше на повреда по гостувањето во Штип.

Мх.П.