Ракометарите на Охрид во петок во Скопје против вториот тим на Вардар ќе го одиграат последниот натпревар од есенската полусезона во Супер лигата.
„Гладијаторите“, се наоѓаат на самиот врв од табелата, а со триумф против младите „вардарци“ ќе си обезбедат мирна и „топла“ зима.
– Целта пред мечевите со помладите екипи на Металург и Вардар беше победа на двата натпревари. Со Металург успешно ја завршивме нашата задача, а сега на ред се ракометарите на Вардар Јуниор. Со победа во Скопје можеби не теоретски, но во голема мера ќе го обезбедиме местото во плејофот. – изјавија охридските ракометари.
После одигрување на мечевите од 14-та рунда до комплетирање на регуларниот дел од Супер лигата ќе останат уште четири натпревари, кои ќе се доиграат следната година.
Ohridnews