Ракометарите на Металург го освоија целиот плен во Охрид, а домашните играчи не разочараа туку храбро и машки му парираа на македонскиот преставник во Лигата на Шампиони.


Пред тимот предводен од Лино Червар паѓале и поголеми екипи, а охридските ракометари речиси 45 минути беа рамноправен противник и на му дозволија на Металург лесни бодови.


„Гладијаторите“ можат да бидат горди на својата игра, а пред се на желбата и мотивот, но никако не смеат да бидат разочарани од поразот бидејќи ова е само почеток од возбудливата сезона која ги очекува.


В сабота против Борец во Велес избраниците на Горан Андоновски имаат нова задача во Супер лигата, а до тогаш нема време и простор за разочарување.

Напред Охрид !

Ohridnews