Ракометниот клуб Охрид продолжи да го формира костурот на екипата за претстојната сезона, продолжувајќи ја соработката со левиот бек Мартин Манасков.

За Манасков ова ќе биде трета сезона во охридскиот дрес. Манасков кој е со репрезентативно педигре во Охрид пристигна од скопски Пролет и се наметна како еден од лидерите во екипата, предводена од Раде Стојановиќ.

Манасков е четвртиот ракометар кој ја продолжи верноста со РК Охрид. Претходно, потпис на нови договори ставија Иван Тасески, голманот Јагош Брауновиќ и десниот бек Филип Николов.

До крајов на месецов треба да се официјализират договорите со преостанатите ракометари, кои и минативе сезони го носеа дресот на Охрид, а и новите засилувања кои ќе пристигнат во СРЦ „Билјанини Извори“.

OhridNews