Ракометарите на Охрид во третата рунда од Супер лигата на гостувањето кај Борец во Велес ќе атакуваат на првата победа на гостински терен во новата сезона.

„Гладијаторите“ во првото коло изгубија од Пролет во Скопје, но сликата ја поправија пред своите гледачи во СРЦ „Билјанини Извори“ победувајќи го новајлијата во елитното друштво Бутел.

Охридските ракометари пред почетокот на мечот се големи фаворити, а на теренот ќе треба и да го потврдат тоа. Натпреварот во Велес се игра в сабота со почеток во 18 часот.

Двојки 3.коло: Вардар Јуниор – Прилеп, Борец – Охрид, Пролет – Еурофарм Работник, Радовиш – Струга, Бутел Скопје – Пелистер

Табела:  Еурофарм Работник 6, Струга 6, Бутел 3, Пролет 3, Охрид 3, Прилеп 3, Вардар Јуниор 3, Пелистер 3, Радовиш 0, Борец 0.

OhridNews