Охридскиот ракометен клуб со сите сили ќе му се спротистави на Бутел во Скопје во една двете дерби пресметки во 12-та рунда од Супер лигата. Дуелот се игра во спортската сала во Бутел со почеток во 18 часот.
Во тимот на „гладијаторите“ се враќаат бековите, Дарко Георгиевски и Славиша Димитријески кои ги одлежаа суспензиите од еден натпревар, а Иван Тасески ја санираше повредата на задната ложа и ќе биде во комбинација за дуелот со скопски Бутел.
Натпреварот и бодовите од дуелот во Скопје се од исклучително значење за двата состави кои атакуваат на пласман во плејофот. Во пресрет на дерби средбата Бутел има три бодови повеќе од Охрид.
Првиот меч одигран во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид заврши со победа на домашниот состав 28-24.
OhridNews