Ракометарите на Охрид во младинска конкуренција со победа во Битола против тимот на Еурофарм Работник ја започнаа новата сезона. Охриѓани славеа со 41-33 (20-17).

Во мошне ефикасен натпревар, охридските ракометари се снајдоа подобро и го потврдија квалитетот во сите 60 минути од натпреварот. Ракометарите на Охрид кои минатата година завршија како вицешампиони предноста од три погодоци на полувремето ја преточија во триумф од 41-33.

Покрај младинците перфектен старт на новата сезона имаат пионерите. Охридските ракометни надежи во првите два натпревари имаат две победи и се наметнуваат како сериозен ривал за првите две позиции кои водат во плејофот.

Младинците во следната втора рунда на домашен терен силите ќе ги одмерат со тимот на Преспа од Ресен, додека пионерите во третото коло ќе се сретнат со Ракометниот клуб Сани од Охрид.

OhridNews