Подготовките за претстојната сезона продолжуваат во Будва, Црна Гора. „Гладијаторите“ го одиграа првиот пријателски натпревар против екипата на Будва и издвојуваа победа 32:39(17:19).
Најдобри стрелци на натпреварот беа Филип Николов со 12 гола и Мице Шилегов со постигнати 8 гола. Јагош Брауновиќ го сочува голот и заокружи 8 интервенции.
Охридските ракометари во петок и сабота ќе одиграат уште два натпревари против екипата на Ловчен од Цетиње.
OhridNews