Охридскиот ракометен клуб со триумф ги отвори контролните мечеви во подготвителниот период, совладувајќи го Прилеп, на гостински терен со 35-33.

Двајцата тренери шанса им дадао на сите ракометари, а подобри и поефикасни беа охридските, кои со пресврт ја обезбедија победата. Резултатот во првиот дел беше 16-15, во корист на прилепските ракометари.

В сабота, во СРЦ „Билјанини Извори“, Охрид против Прилеп ќе одигра нов контролен натпревар. Во текот на подготовките, „гладијаторите“ силите ќе ги одмерат уште со Тиквеш, Голден Арт  и Јуниор Кисела Вода.

Новата сезона во Супер лигата стартува на 8 септември.

OhridNews

Фото: Архива