Ракометниот клуб Охрид играчки се комплетираше, откако на екипата им се приклучија голманот Никола Даниловски и новиот ракометар Михајло Младеновиќ, кои беа дел од македонската репрезентација која учествуваше на Мундијалот во Египет.
Предводникот на охриѓани Раде Стојановиќ сега ги има сите ракометари на располагање и ќе може да ги започне главните подготовки за претстојните мечеви во плејофот од македонската Супер лига.
„Гладијаторите“ во периодот од 30 јануари до 4 февруари ќе одиграат три контролни натпревари. Во првиот, охридските ракометари ќе се сретнат со Голден Арт КЛ7 во Скопје, а двата преостанати ќе ги одиграат во Битола, против Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварите во плејофот во Супер лигата стартуваат на 7 март.
OhridNews