Ракометниот клуб Охрид со гостување во Скопје кај Пролет ќе ја започнат новата сезона во елитното ракометно друштво во нашата земја.

Дуелите со Пролет без разлика каде и зошто се играат нудат голема борба и неизвесност а ист меч се очекува да биде и средбата од стартот на сезоната.

Избраниците на новиот тренер Раде Стојановиќ премиера пред охридската публика ќе имаат во втората рунда против Работнички, додека популарното „Езерско“ дерби се игра во Струга во седмата рунда.

Целта на „гладијаторите“ во Супер лигата годинава е враќање во плејофот и разигрување со најдобрите екипи од Македонија за што повисок пласман на табелата.

Супер лигата ќе започне на 7 септември а ќе заврши на средината од декември месец.

Распоредот на Охрид во Супер лигата:

1.рунда Пролет – Охрид

2.рунда Охрид – Работнички

3.рунда Пелистер – Охрид

4.рунда Охрид – Радовиш

5.рунда Вардар Јуниор – Охрид

6.рунда Охрид – Бутел Скопје

7.рунда Струга – Охрид

8.рунда Металург – Охрид

9.рунда Охрид – Металург 2

OhridNews