Утре (петок), охидските ракометари во Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ ќе одиграат тест средба со вториот тим на Еурофарм Пелистер. Натпреварот се игра во 18 часот.

„Гладијаторите“ изминатиов период низ контролни натпревари ја темпираа формата. Дел од подготовките ги одработија во Будва, Црна Гора. Дуелот со битолчани ќе се искористи за финализирање на подготовките и остранување на сите грешки во играта.

Новата сезона во ракометната Супер лига стартува следниот викенд. Охрид во продолжението гостува кај тимот на Бутел Скопје.

OhridNews