Ракометниот клуб Охрид е една од четири екипи носители во утрешната ждрепка за 1/4 финалната фаза во Купот на Македонија. Покрај охридските „гладијаторите“ носители се Вардар, Еурофарм Пелистер и Металург.
Во ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија ќе учествуваат 16 екипи, кои ќе бидат поделени во четири групи по четири екипи. Системот на натпреварување е полуфинале и финале во секоја група. Победникот од групата обезбедува пласман на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.
Четвртфиналната фаза ќе се одигра на 31 март и 1 април, а завршницата е закажана за 29 односно 30 мај.
- Распоредот на екипите по шешири:
Шешир 1: Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Металург
Шешир 2: Бутел Скопје, Пролет, Тиквеш, Еурофарм Пелистер 2
Шешир 3: Струга, КЛ7, Прилеп, Радовиш
Шешир 4: Јуниор КВ, Работнички, Младост Богданци, Астраион
OhridNews