Во рамки на 5-то коло од машката ракометна Супер лига, вчера во СРЦ „Билјанини извори“ ГРК Охрид извојува убедлива победа против Скопје 37:25, полувреме 18:15.
Ова е четврта победа на Охрид во новото првенство со која „Гладијаторите“ го задржаа чекорот со водечките тимови на табелата веднаш зад Вардар и првиот тим на Еурофарм Пелистер.
Во следното коло кое на програмата е на 10 октомври ГРК Охрид го пречекува Еурофарм Пелистер.
OhridNews