Охридските ракометари забележаа нова победа во контролните мечеви од подготвителниот период, победувајќи го составот на Приле со 30-22 во СРЦ „Билјанини Извори“.

Тест средбата подобро ја отворија гостите кои го контролираа водството во првите петнаесеттина минути. „Гладијаторите“ се консолидираа, но дури во финишот успеаја да ја анулираат негативата и на одмор за заминат со плус еден на семафорот.

На почетокот од вториот дел, охридските ракометари, со добра игра во одбрана и лесни голови се одлепија на плус седум што го одлучи конечниот исход.

Ракометарите на Охрид успешната завршена фаза од подготовките ја заокружија со „тим-билдинг“ во Љубаништа.

Во следниот период следува третата и последна фаза од подготовките, пред официјалниот почеток на сезоната кој е закажан за 8 септември. Во првата рунда од новата сезона во Супер лигата, охриѓани, ќе ги одмерат силите со Тиквеш.

OhridNews