Охридските ракометари извојуваа нова победа во плејаутот од Супер лигата совладувајќи го Радовиш со 32-29 (16-17) во Спортската сала „25 мај“. „Гладијаторите“ до третиум триумф во разигрувањето за опстанок стигнаа со пресврт во второто полувреме, откако во првото имаа гол негатива.

Домашните ракометари поведоа со 5-2, а охриѓани возвратија со иста мера за егал 7-7. Потоа, ракометарите на Охрид го презедоа водството, но Радовиш со еден добар финиш заврши со еден позитива (17-16).

„Гладијаторите“ на стартот од вториот дел со серија 4-0 стигнаа до позитива (20-17) и наговестија победа во Радовиш. Во продолжението разликата на семафорот најмногу достигна пет голови, а Радовиш во финишот додаде гас, но успеа само да го ублажи поразот.

Во составот на Охрид маестрален натпревар изигра Иван Тасески кој реализираше 11 погодоци. Капитенот Крсте Андоноски застана на 6, а по пати прецизни беа Славиша Димитријески и Лазар Петровиќ. Три постигна Борче Соколов, а два Бобан Блажески. Во тимот на Радовиш, Ивица Илиев броеше до 13.

Следен предизвик за охридските ракометари во плејаутот ќе биде тимот на Струга. „Езерското“ дерби во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одигра в сабота во 19 часот.

OhridNews