Ракометарите на Охрид со победа ги стартуваа контролните натпревари во подготвителниот период совладувајќи го составот на Вардар Неготино (43-24).
Избраниците на Раде Стојановиќ ја оправдаа фаворитската улога и лесно се справија со домашниот состав. Шанса за настап добија сите ракометари кои отпатуваа на гостувањето кај Вардар Неготино.
Охридските ракометари на почетокот од следниот месец заминуваат на подготовки во Будва, Црна Гора. Охриѓани ќе одиграат три контролни средби кои ќе означат крај на втората фаза од подготовките. Третата фаза ќе одвива во Охрид каде ќе се одиграат тест средби со екипи од Македонија и странство.
Охрид на четири рунди од крајот на Супер лигата математички го обезбеди учеството во плејофот, каде ќе треба да кулминираат ракометните возбудувања во нашиот град.
OhridNews