Ракометарите на Охрид им се вратија на победите во Супер лигата. Охриѓани три бодови на табелата прокнижија со триумфот над Вардар Јуниор во Скопје 29-18 (12-5) во првиот меч од од 13-та рунда во ракометната елита.
Добриот пристап и почеток на мечот на охридските ракометари им донесе контрола на играта и резултатот. „Гладијаторите“ поведоа со 5-2, а со серија 3-0 стигнаа до 8-2 и ја најавија победата. После триесет минути игра Охрид обезбеди предност од седум погодоци (12-5).
Охридските ракометари не остапија од силното темпо во второто полувреме. Продолжија во ист ритам и за многу кратко време стигнаа до двоцифрено водство. До крајот на мечот ја задржаа таа предност и славеа со +11 (29-18). За Охрид ова беше осми триумф сезонава.
Ракометарите на Охрид во вторник и четврток ќе ги заокружат мечевите во Супер лигата. Прво во СРЦ „Билјанини Извори“ гостува Борец, а потоа Радовиш.
OhridNews