„Гладијаторите“ и следната година ќе имаат ист столб во одбраната откако Борче Соколов го парафираше едногодишниот договор за нова соработка со охридскиот ракометен клуб.
Продолжуваме со остварување на најавите дека ќе го задржиме костурот на екипата. Соколов беше многу важна алка во одбраната и се радуваме што ќе го имаме уште една сезона во нашиот состав. – изјавија од РК Охрид.
Официјално соработката со охриѓани покрај Соколов ја продолжија Јагош Брауновиќ, Денис Тот, Иван Тасески, Крсте Андоновски, Бобан Блажески, Мартин Манасков и Никола Даниловски. Единствен ракометар кој си замина од охридскиот состав е Кристијан Анастасовски.
OhridNews