Со состанок на ракометарите, стручниот штаб и управата, Ракометниот клуб Охрид означи почеток на подготовките за новата сезона во Супер лигата.
Подготовките на „гладијаторите“ ќе се одвиваат исклучиво во Охрид. Првата недела ќе се тренира да се фати ритам, а потоа тренинзите ќе бидат комбинирани и со поголем интензитет.
Поради долгата пауза недела дена ќе имаме лесни тренинзи. Не смее да форсираме од старт бидејќи не сакаме да дојде до некоја повреда и принудна пауза. Планот и програмата се направени и не очекува работно лето. – рече тренерот на Охрид, Раде Стојановиќ.
Охрид ќе биде дел од 48-то издание на Ракометниот турнир во Струга, а дополнително ќе одигра контролни средби со екипи од Македонија.
Костурот на екипата е задржан, ростерот не претрпи големи измени. На охриѓани им се приклучи Игор Чагаљ, а клубот се раздели со Кристијан Анастасовски и Лексо Цицелишвили.
Охрид во ждрепката за групите во Супер лигата се падна во групата А. Ракометарите на Охрид силите ќе ги одмерат со три познати ривали Пролет, Радовиш и Струга и три дебитанти Голден Арт КЛ7, Јуниор КВ и Астраион.
OhridNews