Нема повеќе дилеми кој ќе биде голманскиот тандем за следната сезона на голот од Охрид. Ракометниот клуб Охрид после потписот на Никола Даниловски ја продолжи соработка со Јагош Брауновиќ.

Црногорскиот чувар на мрежата и охридскиот клуб пуштија рака за нова едногодишна соработка. Брауновиќ во Охрид се пресели пред почетокот на минатата сезона од битолски Пелистер.

Брауновиќ е трет ракометар кој ја продолжи верноста со Охрид од минатата сезона. Претходно нов договор потпишаа капитенот Крсте Андоновски и бекот Борче Соколов.

OhridNews

Никола Даниловски нов голман на РК Охрид